
Во германскиот град Олденбург почна судски процес против 41 годишниот поранешен болничар Нилс Хегел, осомничен дека од 2000 до 2005 усмртил најмалку 100 пациенти.
Најголемиот број од пациентите , кои биле убиени од Хегел се лекувале во болниците во Делеменхорст и Олденбург. Тој на пациените им давал мешавина од лекови што предизвикувале застој на работата на срцето. По тоа болничарот би се појавувал како спасувач , за да си го зголеми угледот меѓу колегите.
Според истражителите , причината за ваквите грозоморни убиства била не помалку страшна – здодевност.
Болничарот во претходен судски процес е веќе осуден на доживотна казна затвор за убиство на шест пациенти. Но , во текот на истрагата за овие убиства , се појавиле докази за бројни нови случаи , кои се воделе како починати од природна смрт.
Во 2005 тој бил фатен од колешка како се обидува да усмрти пациент , по што почнала истрагата. Судскиот процес започна со едноминутно молчење.