
Неколку лица се повредени во сообраќајна незгода која поладнево се случила кај Прентов мост, охридско. Повредените во несреќата во која се судрија неколку возила не се во животна опасност.
Според жителите во овој крај местото е сообраќајна црна точка. Месната заедница Куратица ќе бара заедно со Секрторот за внатрешни работи најбро што може да се најде решение на овој проблем оти најзасегнати се жителите на Куратица, Плаке Рецица и Каменоломот.