Трамп ќе го укинува државјанството според раѓање

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да потпише наредба со која ќе стави крај на уставното право на државјанство за децата на луѓе што не се државјани на САД, а кои се родени на американска територија.

Во дел од своето интервју за Ејџ-Би-О, објавено денесека, Трамп вели:

Ние сме единствената земја во светот каде што некој доаѓа и раѓа бебе и бебето всушност е државјанин на САД во наредните 85 години со сите придобивки што ги носи. Тоа е смешно. Смешно. И мора да прекине“, вели Трамп.

Досега, според 14-ттиот амандман од Уставот на САД, сите деца родени на територијата на САД имаат право на американско државјанство.