ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас на националните интереси, а тоа ја плаши криминалната власт

Заев и неговите пајташи се во огромна паника. Граѓаните видоа како оваа криминална власт ја ограбува државата, а картелот на единствениот аболициран политичар во Европа, Зоран Заев продолжува да се богати на грбот на нароодот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уставот, законите, правната држава, името, идентитетот, јазикот и историјата се жртва на личните и бизнис интересите на аболицираниот Зоран Заев. Граѓаните во претседателот Мицкоски и во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас и заштита на националните интереси, токму овој факт ја плаши одродената и криминална влас“т, стои во реакцијата и се додава:

Од ипозициската патрија додаваат и дека „Македонија не може да се надева на европска иднина без правна држава која СДСМ ја укина“

„Ова зло мора што поскоро да си замине, за да се тргне сивилото кое надвисна над Македонија денот кога Зоран Заев стана премиер“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ