
Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за мигрантите, најавија властите во Виена.
На денешната седница на Владата ќе биде донесена соодветна одлука, најавија канцеларот Себастијан
Курц и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе.
Австрија го следи примерот на САД и на Унгарија. Виена нема да го потпише тој документ поради
суштински несогласувања и нема да испрати официјален претставник на конференцијата во Маракеш
одржување е предвидено за декември.
Во Виена го сметаат Договорот несоодветен за регулирање на мигрантското прашање, стравуваат за
губење суверенитет во мигрантската политика и „бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалнат
миграција.