На 9 ноември почнува судењето за убиството на Никола Саздовски-Саздо

На 9 ноември започнува судењето за свирепото убиство на Никола Саздовски-Саздо, соопштија од Основен суд Скопје 1. Процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска Стефановски.

На обвинителна клупа ќе седнат Бесир Б. и Скендер Р. кои се во притвор.

На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го убиле Саздовски. Убиството се случи на 29 јуни на автобуска постојка во Автокоманда. По десетина дена тој почина на КАРИЛ. Тој беше брутално истепан по главата и градите, а напаѓачите не сопреле со тепањето ни во моментот кога атој паднал на земја и изгубил свест.

Против третото осомничениот Јетон Љужа, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, е прекината истражната постапка.

Со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи, изјавија од Обвинителството.

Убиството на Никола Саздовски предизвика протести и осуда со барања за правда за Саздо.