
Според последната студија на Светската здравствена организација, македонскиот град е еден од 10-те најзагадени во Европа, со високи концентрации на ПМ10-честички во воздухот.
Друг град од регионот кој се наоѓа на оваа листа е Тузла, во Босна и Херцеговина, кој е индустриски град.
Голем придонес во загадувањето имаат индустриите, греењето на домаќинствата и сообраќајот.
Како што наведуваат од СЗО, висока емисија на штетни гасови доаѓа од старите автомобили.