Зимското работно време на жицницата почнува од утре

Скопската жичницата од утре стартува со зимско работно време кое ќе важи до 1.март.

Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16.45 часот.

И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Од утре, 1.ноември 2018 година, ќе има измени и во возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно).

Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 ч и 17.20 ч, односно поаѓањата во 16.40 ч, 17.40 ч и 18.40 ч од Средно Водно.

Возен ред од 1. ноември на линија 25

Вторник-Петок

Транспортен центар: 8 ч, 9 ч, 9.40 ч, 10.20 ч, 11.20 ч, 12.20 ч, 13.20 ч, 14.20 ч, 15.20 ч.

Средно Водно: 8.40 ч, 9.40 ч, 10.40 ч, 11.40 ч, 12.40 ч, 13.40 ч, 14.40 ч, 15.40 ч, 17 ч.

Сабота-Недела

Транспортен центар: 7.30 ч, 9 ч, 9.40 ч, 10.20 ч, 11.20 ч, 12.20 ч, 13.20 ч, 14.20 ч, 15.20 ч.

Средно Водно: 8.40 ч, 9.40 ч, 10.40 ч, 11.40 ч, 12.40 ч, 13.40 ч, 14.40 ч, 15.40 ч, 17 ч.

И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција.

Сакаме да ги потсетиме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.