
Македонија и Грција денеска, по повеќе од една деценија го обновуваат директниот лет на релација Скопје, Атина. Ова авиорелација беше прекината откако претходната влада на ВМРО ДПМНЕ го наименува аеродромот во Скопје „Александар Велики“.
Сегашната влада го преименува во Меѓународен аеродром Скопје во февруари во знак на добра волја. Летовите ќе бидат два пати неделно.
Во Скопје е соопштено дека вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ќе присуствуваат на првиот лет. Тие претходно во Атина ќе разговараат за за билатералните односи, Договорот од Преспа и обврските од него.