Николоски: Не минува пропагандата на СДСМ за наводна антизападна ориентација на ВМРО-ДПМНЕ

Смешни се обидите на владејачката СДСМ да води пропаганда за наводната антизападна ореинтација на ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателот на опозаициската партија Александат Николоски во текот на гостувањето во емисијата „Фактор магазин“ емитувана на 24 Телевизија, одговарајќи на прашањето „дали ВМРО ДПМНЕ ѝ намигнува на Русија и дали Русија е алтернативата?“, истајкнувајќи притоа дека партијата останува посветена на реформите за напредок на државата кон ЕУ и НАТО

„Не се согласувам, тоа е пропаганда која сака да ја води СДСМ, мислам дека е дегутантно да се убедуваме кој за што е“, рече потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ

„Зоран Заев првпат во авион за Брисел се качи кога стана претседател на СДСМ, јас половина живот сум го поминал по европските метрополи. Да не зборувам и за претседателот (на ВМРО=ДПМНЕ, Христија) Мицкоски кој има предавано на универзитети во Западна Европа и има докторирано Николоски.

Додаде дека „најисточно“ челнциите на партијата престојувале во бугарската престолнина Софија, и повтори дека станува збор за смешна пропаганда на социјалдемократите којашто нема помин во јавноста.

Николоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформите се со цел подобри институции и подобар стандард на граѓаните.

Како што рече , изминатиот период во Собранието се изгласале три закона кои биле дел од агендата насочени кон членство во Европската унија и кон членство во НАТО, со што подобар доказ од ова дека ВМРО-ДПМНЕ работи за напредок на државата нема.

„Во вторникот во Собранието се изгласаа три закони. Трите закони се донесени со двотретинско мнозинство со наша поддршка и тоа е законот за кривична постапка каде што се овозможува да почне со работа ОТА како контрола на прислушувањето и на УБК, понатаму законот за јавно обвинителство и законот за судови каде што се воспоставува цивилна контрола над работењето на полицијата и Министерството за внатрешни работи“, рече.