
Кривичниот суд забрани да се отуѓуваат 69 објекти кои се во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека по нивно барање судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донел решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата.
Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката, се вели во соопштението на СЈО.
Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е дел од истрагата на СЈО наречена „Талир“.