
Екс-новинарот Бранко Тричковски добил покана да се јави во Основното јавно обвинителство во врска со истрага која се води против него и во која се сомничи за повеќе кривични дела.
Информацијата Тричковски самиот ја објави на социјалните мрежи.
Тричковски во своите текстови но и постови на социјалните мрежи често користеше говор кој според многумина можеше да се карактеризира како навредлив и заканувачки по безбедноста на лицата за кои пишуваше, па за очекување е Обвинителството да отвори постапка токму за некој од овие написи.
Инаку, претходно ЈО отвори постапки и поднесе соодветни кривични пријави против неколку лица кои им според надлежните им се заканувале на високи функционери во власта но и пратеници од опозицијата кои дадоа поддршка на процесот за промена на уставното име.