
Владата на Зоран Заев не прави ништо и не само за Албанците, туку и за Македонците, понеспособна влада немало. И сега Албанците живеат сега подобро или пред две или пред три години? Значи не се живее од зборови. Од зборови се живее 3 месеци, 6 месеци, после дела се потребни а делата не ги гледаме вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во емисијата Клан дебата на ТВ Клан.
Тој додаде дека автопатот Кичево – Охрид требало да биде веќе завршен, но за жал ниту третина го немаат направено, а веќе во овој момент требало да биде започната изградба на автопатот Кичево Гостивар.
Од што ќе имаат Албанците повеќе корист? Од слатки зборови или од реализирани проекти, прашува Николоски.