Над 100 автомобили „масерати“ изгореа во пожар во Италија (ВИДЕО)

Повеќе од 100 автомобили од познатата марка „Масерати“, изгореа во пожар во италијанското пристаниште во Савона, пренесуваат италијанските медиуми.

До пожарот дошло после невремето кое што ја погоди Италија. Се поплавил терминал на пристаништетот во Савона, па водата предизвикала пожар кој ги зафатил автомобилите при што дошло до експлозија на дел од нив. Пожарот брзо се ширел и зафатил над стотина возила.