Стерлинг стана најплатениот англиски фудбалер

Крилниот фудбалер на Манчестер Сити, 23-годишниот Рахим Стерлинг, стана најплатениот англиски фудбалер откако договори нов петгодишен договор со сегашниот клуб за седмична плата од 340.000 евра, а досега заработуваше околу 200.000 евра неделно.

Новинарите пресметале дека Стерлинг ќе стане првиот англиски фудбалер кој до својот 25-ти роденден ќе заработи повеќе од 120 милиони евра, сметајќи ги приходите од платата, бонусите и комерцијалните договори.

Младиот фудбалер најави дека следната година во Лондон ќе отвори фудбалска академија за сиромашни деца.

Стерлинг кариерата ја започна во Квинс Парк Ренџерс, потоа играше во Ливепрул а во 2015 година мина за 50 милионми евра во Манчестер Сити. За англиската селекција одигра 46 натпревари на кои постигна четири погодоци.