ОВЕН
Работа: Внимавајте на себе и колку се „трошите“. Како и сите огнени знаци, наклонети сте кон тоа без некаква причина залудно да ја трошите позитивната енергија.
Љубов: Добро ви е во брак или во врска која ве исполнува, и ве прави реално среќна личност.
Здравје: Психичка стабилизација.
БИК
Работа: Не ви е јасен фактот што некој кој работи кај вас, има свои планови и идеи. Можеби премногу дозволувате околу вас да се однесуваат опуштено.
Љубов: Имате аспекти да се заљубите. Моментално на вашиот видик актуелни се личности од знаците Риби или Рак.
Здравје: Чувствителен нервен систем.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Понекогаш идеалистички ги разбирате своите колеги. Морате да се штедите за евентуални разочарувања или лаги.
Љубов: Зафатените во овој знак ќе имаат убавина и нежност во врската или бракот. За слободните ова е период да се заљубат.
Здравје: Задоволни сте од себе си, немате никаков проблем.
РАК
Работа: Вие можете да ги совладате тешкотиите во кои се наоѓате. Не се проблем парите или тежината на работата. Повеќе е нагласен однос со колегите и соработниците.
Љубов: Емотивни сте подготвени да ги надминете тешкотиите со кои се соочувате.
Здравје: Внимавајте на хормоните, нервозата или мускулите.
ЛАВ
Работа: Приватно ако имате свој бизнис, морате да водите сметка околу буџетот. Посебно каде што парите се трошат. Претераните трошоци подоцна ќе ви зададат маки.
Љубов: Љубомората ви прави проблеми. Тоа е повеќе ваша потреба за близина со партнерот и носталгија по дома и по семејството.
Здравје: Силно чувство на страсти знае да донесе проблеми со срцето.
ДЕВИЦА
Работа: Се чувствувате изолирани, одвоени од светот. Тоа понекогаш е поради вашиот нарцисоиден став кон работата, посебно кон колегите.
Љубов: Слична ситуација и во љубовта. Ако сте во брак, поправете ја комуникацијата. Слободните остануваат и понатаму на исто.
Здравје: Проблеми со мусклулите.
ВАГА
Работа: Немојте да се карате со колегите. Може да паднат тешки зборови. Напната атмосфера. Нешто мора да се пресече во коренот.
Љубов: Партнерот ви предлага авантуристички пат. Размислете!
Здравје: Напнатост во стопалата. Облекувајте удобни обувки.
ШКОРПИЈА
Работа: Го заборавате минатото и отворате простор за нови работи. Добро се чувствувате со носење на нови одлуки. Соработниците ве поддржуваат.
Љубов: Доколку вашата врска има смисла, вие ќе ја продолжите. Доколку нема, тогаш што е понестабилна, излезете од врска.
Здравје: Главоболки.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Чувствата и волјата не се во добра „соработка“. Поради тоа доцните со роковите. Продуктивноста ви е како плима и осека. Пресечете!
Љубов: Вие сакате далечни дестинации. Само плажа, крема за сончање и партнерот.
Здравје: Ништо не ве боли.
ЈАРЕЦ
Работа: За долгорочните цели морате да превземете повеќе одговорност. Вие сакате награда за нешто што не е ни блиску до крајот.
Љубов: Сакате вашата врска да успее. Потребно е да биде цврста. Сигурноста на прво место.
Здравје: Проверете го видот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Малку тешка ситуација денеска. Своите соработници замолете ги да не ви се обраќаат често. Само кога има потреба.
Љубов: Вие сакате љубов, а ништо не давате. Морате да дадете некоја емоција, за да ви биде вратено. Доста е ладно на ова поле денеска.
Здравје: Главоболка.
РИБИ
Работа: На работа владее депресивна атмосфера. Сите се мрзливи, никој не сака да ги завршува задачите, а најмалку вие. Тоа е пролазно. И вие малку да одморите на работа.
Љубов: Вие и партнерот како пријатели. Многу зборови без многу значења.
Здравје: Поспаност.