
Блажо Трендафилов, кој во моментов раководи со Управата за финансиско разузнавање, ги демантира информациите објавени на порталот „Нетпрес“ во текст со наслов „Циркузант – директор на Управа за финансиско разузнување“, објавен на 29.10.2108 година.
„Имате објавено низа невистини, непотврдени информации и лаги со кои директно се нарушуав мојата чест и углед како и угледот на институцијата со која раководам“, се вели во демантот на Трендафилов.
„Нетпрес“ му се извинува на Трендафилов доколку објавениот текст ја нарушил на каков било начин неговата чест и углед.