
Во последнито натпревар од 11-то коло на италијанскиото фудбалско првенство, Милан на гостувањето го победи Удинезе со 1:0, постигнувајќи го погодокот во седмата минута од судиското продолжение.
Погодокот за победата на „Росоњерите“ го постигна Алесио Ромањоли во последните моменти од средбата. Меколку минути пред голот домашните останаа со играч помалку откако беше исклучен Брам Нујтник кој мина во игра само осум минути. За Удинезе ова е петти пораз во последните шест кола, со што се најде на 16-то место со девет бодови. Милан веќе скокна на четвртото место со 21 бод, колку што има и петтиот Лацио, за четири зад третиот Наполи и вториот Интер, додека на чеко на Серија А е Јувентус со 31 бод.
Аталанта на гостувањето со 2:1 ја победи Болоња, откако домашниет на полувреме заминаа со водство со погодокот кој уште во третата минута го постгна Ибрахим Мбаје. Но во вториот дел Аталанта направи целосен пресврт со головите на Џанлука Манчини во 57 и Даниел Запата во 70 минута. Аталанта сега е на средината на табелата, десетта е со 15 бодови, додека Болоња е во опасната зона на 17-то место со девет бодови.
Торино, исто така, славаше на гости, декласирајќи ја Сампдорија со 4:1. Головите за Торино ги постигнаа Андреа Белоти во 12 и во 43 минтуа од пенал, Иако Фалке во 56 и Армандо Ицо во 78 минута, додека за домашните стрелец беше Фабио Кваљарела во 65 минута. Сампдорија е 11-та со 15 бодови, а Торино направи скок на седмата позиција со 17 бодови.
Гостински бодови освои и Сасуоло кој во Верона го победи Киево со 2:0, а головите ги постигнаа Федерико ди Франческо во 42 минута а Емануеле Џакерини си постигна автогол во четвртата минута од судиското продолжение. Сасуоло сега е шести со 18 бодови, а Киево кој беше казнет со одземање на три бода уште е во бодовен минус на последното место.
Лациот очекувано бепе подобар од СПАЛ, со 4:1. Два гола постигна Чиро Имобиле, во 26 и 35 минута, а по еден Данило Каталди во 59 и Марко Пароло во 79 минута. Гостите успеаја во 28 минута само да израмнат преку Мирко Атенучи. ЛАцио е петти со 21 бод, а СПАЛ е 15-ти со 12 бодови.