
Две лица се здобиле со повреди во железничка несреќа која се случила вчера околу 10:15 часот во село Свиларе.
Од полицијата информираат дека на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, се случила железничка незгода во која товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско.
-Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.