Вработен во УЈП уапсен за мито

Во полициска акцијa, кај трговскиот центар „Зебра“ во населбата Капиштец, денеска околу 13 часот е уапсен вработен во Управата за јавни  приходи, според неофицијални информации, осомничен за примање поткуп.

Осомничениот бил уапсен во кафуле во трговскиот, откако кај него полицијата пронашла син плик во кој, веројатно, имало пари.

Според неофицијални информации, мажот на возраст од околу 50 години седел во кафулето кога му пришло едно лице. Седнало на неговата маса и му го предало пликото.

Веднаш по тоа, во кафулето влетала полиција и го уапсила мажот.