Косово ги зголемува царините за Србија и БиХ, Белград го прекина дијалогот, ЕУ бара објаснувања

Владата на поранешната јужна српска покраина Косово во вторникот за 10 отсто ги зголеми давачките за стоките кои потекнуваат од Србија и од Босна и Херцеговина, на што остро реагираше официјален Белград со одлуката за прекинување на дијалогот со Приштина, додека Европската унија побара од косовските власти итно да ја објаснат „неочекуваната одлука“.

„Одлуката на Приштина е спротивна на важечките прописи и спогодби и на договорот ЦЕФТА, а нејзините последици им нанесуваат штета на сите националности на Косово и Метохија. Нужниот предуслов за продолжување на бриселскиот дијалог е моменталното укинување на оваа штетка и незеконска одлука“, изјави во писменото соопштениет канцеларијата на директорот на бирот прио српската влада за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

На вонредната прес-конференција потоа во Белград, Ѓуриќ рече дека со денешната одлука којашто е „опасна и нелегална“, ПРиштина го блокира бриселскиот дијалог на сите нивоа.

„Политички мотивираната и политичка незрела, а попатно и неспроведлива одлуја бидејќи бникој не може да го запре протокот на луѓето, стоките и капиталот, ја донесао луѓето кои се фрустрирани затоа што своите политички цели не моќат да ги остварат на ниеден начин… Трговските војни кои ги почнува Приштина живеат во болните глави коишто мислат дека на тој начин прват нешто во политичка смисла“, оцени Ѓуриќ.

Директорот на владината агенција за Косово и Метохија во Белград, вели дека за новонастанатата ситуација разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, како и со министерот за трговија и туризам Расим Љајиќ. Истакна декла владата ги известила Брисел, меѓународните организации и ЦЕФТА, и оти се очекуваат нивните реакции.

„Бриселскиот дијалог е невозможно да се продолжи до момнетот додек не ја повлечат оваа нелегална одлука“, рече Ѓуриќ и оцени дека е неопходно меѓународната заедница промптно да реагира.

Европската унија во меѓувреме побара итно објаснување на оваа „неочекувана одлука“ на косовската влада за зголемување на наметите за 10 отсто за производите увезени од Србија и од БиХ. Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, оцени дека мерки на Приштина претставуваат јасно кршење на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

„Европската унија очекува дека Косово, коешто во моментов претседава со ЦЕФТА, целосно да се придржува на одлуките на ЦЕФТА и да ја отповикаат оваа мерка, наведува Коцијанчич во писмената реакција на официјален Брисел на одлуката на косовските власти.

Во соопшетнието од Брисел се истакнува дека одлуката на владата во Косово се „поткопува регионалната соработка, вклучително и регионалната економска зона, и не е на линијата со принципите кои се предвидени со Спогодбата за стабилизиација и придружување на ЕУ со Косово“.

Денеска донесената одлика на косовската влада подразбира царини од 10 отсто на сите производи кои се увезуваат на Косово, а се со потекло од Србија и до Босна и Херцеговина, освен производите од меѓународните брендови кои се произведуваат на териториите на двете земји.

Косово во јули годинава, во екот на сезоната, донесе одлука за нување намедополнителни царини за вкупно 21 земјоделски производ кои беа зголемени за 30 отсто, којашто предизвика извесни економски штети за македонските земјоделци.