
Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 и донесе построга казна од претходната која беше 1,5 година затвор – 2 години затвор за гинекологот Николче Дамчевски, кој 9 месеци лажеше пациентка дека е бремена. Апелација ја потврди и забраната за вршење дејност во траење од 8 години.
Пресудата е извршна, што значи дека Дамчевски во секој момент може да замине на издржување на казната затвор.
Според пресудата, гинекологот Дамчевски е виновен за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа. Тој пред пред судот ја призна вината и за двете дела, несовесно лекување и фалсификување на медицински документи.