На изборите во Невада победи починат сопственик на бордел

Гласачите во мала рурална област во Невада, традиционално републикански симпатизери, на вчерашните избори му доделија победа на починат кандидат, кој за време на своето живеење беше обвинет за силување. Инаку, починатиот Денис Хоф поседувал неколку бордели.

Хоф, кој почина минатиот месец, беше поддржан од 63 отсто од гласачите во неговата изборна единица за собранието во Невада.

Бидејќи гласачките ливчиња во моментот на неговата смрт веќе беа испечатени, не беше можно да го повлечат од изборите.

Сега неговото застапничко место е празно, така што ќе биде назначена специјална комисија од таа избирачка единица што ќе го одреди неговиот наследник, според „Лас Вегас ревју журнал“.