Одложена средбата меѓу Помпео и севернокорејски функционери

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и севенокорејските функционери требаа да се сретнат во Њујорк оваа седмица, но средбата е одложена и засега не е познато кога ќе се одржат, објави Стејт департментот во средата.

Средбата ќе се одржи кога „распоредите на двете стреани тоа ќе го овозможуваат“, изјави портпаролката на американската дипломатија, Хетер Науерт, додавајќи дека „дијалогот постојано е во тек“.

Науерт, исто така, истакна САД „остануваат концентрирани на исполнувањето на обврските договорени меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг –ун на самитот одржан во Сингапур во јуни“.