(ФОТО) Бројни средби на Мицкоски со европските конзервативни челници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа и во текот на денешниот ден, на маргините на самитот на Европската народна партија (EPP), оствари низа средби со претсавниците на европските конзервативци и лидери на држави од сестрински партии, на кои е разговарано за ситуацијата во земјата и

Мицкоски оствари средба со Хорст Зехофер, вицекнацелар и министер за внатрешни работи на Германија, челник на владејачката баварска Христијанско-социјална унија (CSU).

Притоа челникот на македонската опозиција зборуваше со Зехофер за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и состојбата на јужната граница на Република Македонија во врска со мигрантската криза.

Мицкоски имаше средба и разговор со Антонио Тајани, претседател на Европски арламент, на кого му пренесе дека приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе биде  интеграцијата на Република Македонија во Европската унија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретна и со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, со кого беше разговарано за состојбата во поширокиот регион и потребата од негова интегарација во ЕУ.

Мицкоски се сретна и со Хавиер Хуртадо Мира, претседател на Демократска заедница на млади на Европа – DEMYC. Најголема организација на центар-десничарски политички подмладоци.