Хамас во Газа дели кувајтски долари за да ја намали тензијата во енклавата

Палестинците во Појасот Газа во петокот во долги редови ги чекаа исплатите на заостанатите плати за коишто, како тврди исламистичкото движење Хамас, се погрижил Катар во новиот обид да се ублажат тензиите во и околу оваа палестинска област.

Десетици Палестинци побрзаа во поштенските канцеларии кои се вонредно отворени во петокот и саботата, за да соберат по неколку стотини долари.

„Дојдов да ги подигнам 400-те американски долари, мојата јулска плата. Се надевам дека овие пари ќе ја решат кризата која ја преживуваме“, изјавил за агенцијата AFP 35-годишниот Фади Абу Сафиа, додавајќи дека парите пристигнуваат од катарската државна каса.

Мохамед Абед ал-Хади е 27-годишник кој дошол да подигне 190 долари за Палестинците повредени при неодамнешните демонстрации против израелската војска, што како што рекол, е „убаца сума имајќи ги предвид условите во кои живееме“.

Севкупно следните шестмесечни рати од 15 милиони диолари Палестинците во Газа ќе примат севкупно 90 милиони американски долари коишто ги обезбедил Катар, за во прв ред да бидат исплатени функционерите на Хамас во енклавата. Имено, десетици илјади службеници со месеци земаат плати само споредично, што придонесе за зголемување на тензиите во енклавата којашто е разорена и од судирите, како и од египетската и израелската блокаа.

Според информациите, се чини дека Израел се согласил да ја олесни оваа операција во намерата да ги смири безредијата на својата граница со Газа со кои се соочува од пролетва