
Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во петокот доцна вечерта заседава Извршниот комитет на партијата.
Одлуката на Кривичниот совет со која е одбиена последната жалба на Никола Груевски и неговите адвокати е една од темите на седницата.
Ќе се расправа и за настапот на партијата на Конгресот на ЕПП во Хелсинки на кој, покрај делегацијата предводена од лидерот Христијан Мицкоски, присуствуваа и разрешените членови на ВМРО-ДПМНЕ.