
Едно лице е убиено, а три се повредени откако со нож на улица во Мелбурн ги избоде засега неидентификуван напаѓач.
Според австралиските медиуми, полицијата била повикана поради пожар на автомобил, а по пристигнувањето на местото на настанот затекнале манијак со нож кој, наводно, го запалил автомобилот.
Тој ги нападнал полицајците кои потоа го убиле. Пренесен е во болница во критична состојба.
На снимките објавени на социјалните медиуми од инцидентот се гледа како напаѓачот постојано ги напаѓа полицајците со нож, додека еден човек со количка за пазарење го удира напаѓачот и се превртува. Кон крајот на видеото може да се слушне истрел.
Полицијата подоцна потврди дека човек бил застрелан во градите и е во болница во критична состојба, додека неколку други се третираат за убодни рани. Службата за брза помош соопшти дека на лице место се третирани тројца повредени лица.
https://twitter.com/eSpaiNews/status/1060782863199670272