
Снимка од обидот за терористички напад во декември 2017 година во подземната железница на американската метропола Њујорк го објави руската телевизија Раша тудеј.
27-годишниот Акејад Улах тогаш на метро станицата ја активирал ткн „цевчеста бомба“ која ја залепил за телото, и во таа прилика освен терористот повредени беа уште пет лица.
Нападот на 11-ти декември 2017 година се случи на метро станицата во близина на Тајмс сквер на Менхетен. Акајед Улах, кого њујоршката полиција го идентификувала како сторител на нападот на подземната железница нема криминално минато во Бангладеш.
Тој последен пат својата татковина ја посетил во септември. На сослушување изјавил дека на тероризам го навеле активисти од Исламската држава.