
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт повторно ќе го врати рамниот данок, односно ќе го укине зголемувањето на данокот кое сега го воведува власта на СДСМ со прогресивниот данок.
Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе ги врати даноците по старо, а за млади, инженери, информатичка технологија, и сите оние кои што правата додадена вредност или извоз ќе оди и под 10%. Второ целосно кратење на т.н. скриени даноци од типот на фирмарини и така натака кои што се плаќаат во моментов со цел да го ослободиме бизнисот и повеќе пари да остануваат во бизнисот, потенцираше Николоски.
Тој посочи дека власта прави маркетиншки трик велејќи дека воведува правично одданочување, но всушност со тој трик се зголемуваат и 5 други даноци, а не се намалува ниту еден.
Како што вели Николоски меѓу покачувањата се наоѓаат и зголемување на данокот на кириите, се погодува IT индустријата бидејќи поголем дел од младите таму насочуваат и за прв пат се воведува данок на заштеди.
Во IT индустријата каде што поголем дел од младите се ориентираат и се отвораат повеќе места и на факултети има поголеми приходи кои сега ќе бидат одданочени со 18% и затоа младите одат во Косово и Бугарија да отвораат сметки за да не бидат одданочени. За прв пат се воведува данок на заштеди, оти не секој богат има заштеда туку и помалку имотни што собрале некој денар или продале дел од имот или некое наследство и ќе ги стават парите во банка да зачуваат за децата, нагласи Николоски.