
Пред уставната Комисија денеска е третиот Нацрт амандман, кој се однесува на членот три од Уставот а со кој се предлага додавање на нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегрите и политилчката не
Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независнот на соседните држави, е содржината на нацрт амандманот 35 за кој денеска се расправаше во Комисијата за уставни прашања. Според опозицијата амандманот е непотребен, бидејќи Македонија немала и нема територијални претензии кон ниту една соседна држава. За власта амандманот е зајакнување на терторијалниот интегритет.
Првите два амадмани со кои пред името Македонија се додава придавката „Северна“ и за промена на преамбулата веќе добија зелено светло во матичната комисија. Сега ќе треба да добијат поддршка и од членовите на законодавно-правната, пред да се најдат на пленарната седница закажана за 1ви декември.