Прегазениот средношколец во Штип е во кома

Средношколецот кој во петокот утрината беше прегазен во Штип додека преминувал пешачки премин со соучениците, е сѐ уште во кома. Несреќата се случи на булеварот „Гоце Делчев“ пред средното општинско училиште „Коле Нехтенин“.

За денеска од 14 д 17 часот, родители и граѓански активисти најавија протест кај пешачкиот премин, изреволтирани од настанот тие се организираа преку социјалните мрежи.

Директорот на училиштето, Дејан Павлов, по несреќата истакна дека и покрај тоа што има сообраќаен знак што предупредува дека има училиште и пешачки премин, сепак, возачите на булеварот возат пребрзо, и од почетокот на годината до денеска се случиле три несреќи со последици.