
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ќе поднесе оставка на местото претседател на баварската конзервативна Христијанско-социјална унија (CSU), сестринската партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, чијашто челна позиција во партијата, исто така, е доведена во прашање по слабите изборни резултати кои се провлекуваат од последните парламентарни до последните покраински избори во Баварија и Хесен.
Шеесет и деветгодишниот Хорст Зехофер, исто така, има намера да остапи и од минситерската должнсота пред крајот на овој парламентарен состав во 2021 година, соопштиле извори од неговата CSU. Зехофер изјавата за оставката би требало да ја даде следната седмица, а новиот партиски лидер би требало да биде избран на конвенција на почетокот од следната година.
Јавното несогласување на Зехофер со Меркел во врска со миграциите и безбедноста на гранциите претходно во текот на годината ја урна и популарноста на сите три партии кои ја сочинуваат тешко составената актуелна владејчката коалиција, во којашто покрај CDU и CSU влегува и Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Поради остриот став кон доселувањата, левицата и левиот центар постојано го повикуваат Зехофер да поднесе оставка.
На изборите за наварскиот парламент минатиот месец, CSU со освоените 37,2 отсто загуби десет отсто од гласовите коишто со децении претходно ги освојуваше и со кои со децении имаше апсолутно мнозинство во Баварија.