
На фејсбук профилот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој доби две години казна затвор во случајот за набавка на владиниот „мерцедес“, е објавен статус во кој се вели дека тој е во Будимпешта, каде што побарал политички азил од унгарските власти.
Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.
Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.