
Возрасен 72-годишен маж вечера околу пладне бил прегазен на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, а подоцна им подлегнал на повредите во тамошната болница.
Врз настраданиот налетал автомобил „рено клио“ со битолски регистерски таблици управувано од 23-годишник, исто така, од Прилеп.
Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот