Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица се здобиле со телесни повреди во вкупно девет сообраќајни несреќи кои се случиле вчера на подрачјето на СВР Скопје.

Од МВР информираат дека пет од сообраќајките биле со телесни повреди, а четири со материјална штета.

Oд преземените мерки и активности констатирано е дека 29 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, пет возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.

Исто така исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и четворица поради неправилно престројување. Во текот на изминатиот ден издадени се 135 мандатни платни налози и 65 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.