
Словенечкиот премиер Марјан Шарец во петокот своите коалициски партнери во владата ги предупреди на опстанокот на сегашната коалиција доколку не се усогласат околу буџетскиот документ за следните две години.
„Владата ќе опстане само доколку го потврдиме ребалансот на буџетот за идната година. Ако не, тогаш можеме да се разидеме и по нас ќе дојдат друг“, рече Шарец во Порторож на редовното годишно советување на економистите, предупредувајќи дека буџетскиот ребаланс го бара од Словенија и Европската комисија, за да се задржи фискалната стабилност и да се постигнат целите на фискалниот пакт.
Потсети дека неговата влада должноста ја презема пред два месеца, и кажа дека се изненадил кога ја видел состојбата на буџетската потрошувачка, имајќи ги предвид амбициозните планови што ги најави сегашната владејачка коалиција.
„Во буџетот нема поголеми резерви, па ќе биде многу трпение и мудрост да го составиме ребалансот“, рече Шарец чиишто малцинска коалициска влада ја сочинуваат пет партии од левицата и од центарот.
Неформалниот предлог на министерството за финансии според кој буџетската потрошувачка следната година би се намалила за 160 милиони евра, намалување на социјални права на семејните надоместоци, наиде на противење на некои партии во владејачката коалиција, од кои не кои бараат ревалозирации на пензиите, а некои за поамбициозно финансирање на здравство или инфраструнктурните проекти.
Покрај тоа, владата на Шарец се’ уште не се решила на преговори со синдикатите на јавниот сектор, кој се закани со штрајк на почетокот од декември, доколку не дојде до значителна корекција на платите во државните и јавните служби.