
Спротивно на претпоставките и на лажните вести кои беа објавени во медиумите, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале на Никола Груевски да ја напушти Македонија , се огласија и од кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан по прес-конференцијата во петокот на којашто македонскиот прем Зоран Заев, меѓу другото јавно го праша Никола Груевски, но и унгарските власти дали поранешниот премиер доброволно заминал во Унгарија или можеби бил киднапиран,
Од таму соопштија дека во бегството на Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава, ниту унгарските власти, без да соопштат повеќе детали.
„Спротивно на претпоставките објавени во печатот, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Никола Груевски да ја напушти Македонија. Во согласност со унгарските законски прописи и меѓународната пракса, сè додека постапката не заврши, унгарските власти не се во можност да обезбедат дополнителни информации во врска со постапката за азил. Сепак, потенцираме дека Никола Груевски е во Унгарија законски во согласност со законските одредби во врска со процедурите за азил“, стои во соопштението.
Од таму уште повторуваат еднаш дека додека трае процедурата за азил, кој го бара Груевски, нема да споделуваат повеќе информации.
„Никола Груевски ја посочи својата намера да поднесе барање за азил во едно од унгарските претставништва во странство. Од безбедносни причини, унгарските власти овозможија поднесување на барањето и интервјуто на Никола Груевски, кој беше македонски премиер десет години, да се случи во седиштето за Канцеларијата за азил и имиграција во Будимпешта. Канцеларијата за азил и имиграција постапува по барањето за азил согласно унгарскиот закон и во хармонија со меѓународните закони. Исто така, во согласност со унгарските правни процедури и меѓународната практика додека процедурата не се заврши унгарските власти немаат право да обезбедат дополнителни информации во однос на процедурата за азил. Нагласуваме дека Никола Груевски е во Унгарија легално во согласност со законските одредби кои се однесуваат на процедурата за азил, стои во соопштението од Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.