Во рација во Тетово откриени малолетни танчарки и дрога

Три малолетни девојки од Косово без дозвола за престој се откриени во синоќешната рација на тетовската полиција во угостителски локал во Тетово,  а во истата акција при претрес на две момчиња од село Порој е откриена и марихуана.

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22 до 2:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово извршена е контрола во седум угостителски објекти во Тетово.

При контролите затекнати се четири лица со нерегулиран престој, три женски лица на возраст од 17 и 18 години од Косово и едно машко лице на возраст од 24 години од Албанија.

Исто така, во еден објект се затекнати две лица на возраст од 25 години од Тетово и село Порој, кај кои е пронајдена марихуана. Лицата се приведени за понатамошна постапка.