
На сончевото и пријатно време во ноември извесно е дека му дојде крајот. Овие денови временската прогноза носи промени. Метеоролозите најавија студено време кое ќе биде проследено со дожд речиси ширум земјава, а на запад врнежи од снег.
Снежни врнежи во текот на денот ќе има на повеќе места низ земјава со исклучок на југоисточниот регион. Најобилни врнежи се најавија за запад и југозападниот дел.
Според најавите максималните температури ќе достигнат од 1 до 10 степени, додека утринските ќе паднат најмногу до минус три степени. Во главниот град позастапени ќе бидат врнежите од дожд кои веќе кон крајот на ноќта ќе преминат во снег, а веќе од вторник се очекува нов влажен бран.