
Четири лица завеани во снег во битолското село Горно Ореово, во понеделникот утрото биле спасени од припадници на Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување .
Како што соопштија од ДЗС, веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.
По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола, информираат од ДЗС.
Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траело до 6 часот наутро, и тие биле завршени на безбеден начин.