
Вооружениот инцидент во понеделникот во кој напаѓач застрала лекарка пред болницата во Чикаго пред да упадне во зградата каде убил лекраска помошничка и полицаец е резултат на семејно насилство, објави полицијата којашто го усмртила напаѓачот.
Напаѓачот ја познавал лекарката Тамара О’Нил која ја убил пред болницата „Mercy“, изјавил на прес-конференцијата Еди Џонсон, додавајќи дека станува збор за поранешни вереници.
Според локалните медиуми, инцидентот се случил кога напаѓачот понарал враќање на вереничкиот прстен. Неговиот идентите не е обајвен.
Според очевидци, тие се движеле заедно на паркингот, кога мажот се свртел кон жената и неколку пати ја застрелал во градите. Откако таа паднала, тој застанал над неа и продолжил да пука.
Потоа вооружениот маж влегол во болницата и почнал да пука по случаен избор. Притоа, биле ранети четири лица, меѓу кои и полицаец и лекарски помошник, кои подоцна им подлегнале на здобиените повреди.
Последната жртва е напаѓачот, кој на крајот, бил ликвидиран со истрели од огнено оружје од страна на полицијата.
Во Чикаго минатата година биле регистрирани 675 убиства.