
Мега проект кој СДСМ го воведе против загадување на воздухот е „Исклучување на мерни станици“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ наместо да троши пари на луксузи и лубриканти нека започне да работи нешто за намалување на загаденоста во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како партија која се грижи за здравјето на своите граѓани во Собранието вчера поднесе информација за енормното загадување на амбиеталниот воздух во државата. Нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш, власта да ги прифати нашите предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот. ВМРО-ДПМНЕ апелира да се прифатат мерките кои живот значат. Во спротивно власта треба да си замине и да остави друг да се грижи за здравјето и животот на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.