Дескоска: Ќе побараме отповикување на одлуката за азил

Министерката за правда на Република Македонија Ренада Дескоска рече дека земјава ќе испрати барање Унгарците да ја преиспитаат одлуката за азил дадена на осудениот екс-премиер, Никола Груевски, пренесува АлсатМ.

Дескоска додаде дека унгарскиот правен систем дозволува таква постапка и појасни ека според правните легислативи на Унгарија, ако Груевски не добие унгарско државјанство, неговата дозвола за азил повторно ќе биде ставена на разгледување по истекот на три години.