
Богата и несекојдневна новогодишна програма најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Како што изјави тој, во декември ќе се роди ,,Божиќно село” на плоштадот во главниот град.
Како дел од предновогoдишната атмосфера во градот, на плоштадот ќе бидат поставени околу 60 зимски куќички во кои ќе се случуваат разновидни активности за секоја возраст. Ќе бидат задоволени сите вкусови од најмалите до највозрасните граѓани а на средината на ,,Божиќното село” ќе биде поставена големата новогодишна елка.
Како што додаде Шилегов од следната недела ќе почне украсувањето на градот и ќе се создаде вистинска предновогодишна атмосфера.
Градоначалникот Шилегов рече дека фирмата која ќе биде задолжена за предновогодишната атмосфера во Скопје е избрана на јанев повик. Станува збор за компанијата „Проивент солуции“.
Проектот е замислен преку изведба на штандови наполнети со топли пијалаци, храна, книги и новогодишни играчки и украси да ја долови и доближи соодветно новогодишната еуфорија.
Шилегов рече дека на плоштадот ќе има и новогодишна прослава но сеуште е рано да се каже кој ќе ги забавува скопјани за дочекот на најлудата ноќ.