
Се повлекуваат нотеси/агенди за 2019 со знакот на грчката полиција, доставени за продажба до сите полициски служби низ цела Грција, бидејќи на отпечатената мапа пишува Македонија и Северен Кипар.
По објавените фотографии и реакциите во грчките медиуми, од грчката полиција соопштуваат дека за печатењето била задолжена приватна компанија, ќе се спроведе внатрешна истрага, а нотесите ќе бидат повлечени, јави дописничката на МИА од Атина.
Од раководството на грчката полиција наредено е да спроведе административна истрага за одговорност, бидејќи е утврдено дека во нотесите/агенди за 2019 на полицијата, печатени од приватна компанија на една од мапите содржани во нив погрешно се отпечатени имињата на наши соседни земји. Освен тоа, веднаш се повлекуваат нотесите/агендите доставени до полициските служби, соопштуваат од грчката полиција, пренесе МИА.
Грчките медиуми, за целиот случај коментираат дека е голем гаф и голема грешка на полицијата.
ФОТО: МИА