
Властите во Јужна Кореја денеска почнаа со уривање на комплексот кланици на кучиња Тепјеонг-донг , поради реакциите на активистите за заштита на кучињата.
По иницијатива на активистите кои се борат за забрана на користење кучешко месо во исхраната , почна демонтажата на комлексот кланици. Кучешкото месо има посебно место во јужнокорејската кујна , каде годишно се јадат над милион кучиња.
Последните години потрошувачката на кучешко месо е во опаѓање , поради тоа што помладите генерации сметаат дека кучињата се домашни миленичиња , а не храна.
Комплексот кланици е сместен во близина на Сеул , главниот град на Јужна Кореја , наречен Сеонгнам.
Во него се преработувале наеднаш повеќе стотици кучиња , чие месо потоа им било испорачувано на специјализираните ресторани низ целата земја.
За два дена треба да заврши демонтажата на комплексот кланици и на тоа место да биде направен јавен парк.