
Во интервју за „1ТВ“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со таканареченото „Кацарска судството“ вели дека ова што сега ни се случува е далеку од европски квалитет и европски стандарди.
Тој притоа посочува дека пред нас се реформи кои се неопходни да се направат не само во судството туку и во обвинителството но и во други сфери што се поврзани со правната држава.
Ако ние правиме реминисценција за нешто што било во минатото,а создаваме слично такво дури и 10 пати полошо и тоа го оправдуваме, еве и под претпоставка се што било порано било лошо, ако ние исто правиме сега па дури и неколку пати полошо што сме постигнале како општество. Критикувајќи го минатото а гледаме како ни оди во сегашноста без да обезбеди вистински правец за иднината што правиме ние како политичари и како ние на овие граѓани во Република Македонија ќе и овозможиме подобра и посигурна иднина, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ притоа пак повтори дека не треба да се навраќаме постојано во минатото туку треба да се фокусираме на сегашноста за да можеме да се работи на иднината.