Скопски таксист се обидел да силува девојка

Дваесет и двегодишна девојка пријавила дека изминатиот викенд, половина час по полноќ ноќата од саботата кон неделата била сексуално нападната од страна на возач на такси-возило со кое се превезувала.

Инцидентот е пријавен во Полициската станица, при што девојката изјавила дека напаѓачот не успеал во својата намера, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. Други поединости не се соопштени, но додаваат дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.