Георгиевска: Скандалозна е изјавата на министерот за eкологија Дураку дека не сме Швајцарија , тој веднаш треба да биде разрешен

Во емисијата Отворено на Алфа Телевизија на тема „До кога ќе се гушат граѓаните “ гостуваа Невенка Георгиевска од 02 Иницијативата и Андреа Јанков од „ Го сакам Водно“.

Невенка Георгиевска истакна дека скандалозна е изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека Македонија не е Швајцарија и дека тој треба веднаш да си даде оставка.

Скандалозна е изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека не сме Швајцарија тој веднаш треба да си даде оставка. “

Георгиевска кажа дека срамно е што и Владата не реагирала на оваа изјава и на потфрлањето на работата на ова министерство . Таа смета дека Владата после таква изјава требала да го разреши.